Изборна комисија на Фондацијата Викимедија/Номинации/2023/Соопштение — нови членови

Соопштение за новите членови на Изборната комисија

Поракава можете да ја најдете преведена на други јазици на Мета.

Здраво,

Со задоволство ви ги соопштуваме новите членови и советници на Изборната комисија. Комисијата помага во осмислувањето и спроведувањето на постапката за избирање на членови на Одборот на доверители од страна на заедницата и подружниците. По отворената постапка за номинација, најпогодните кандидати зразговараа со Одборот и четворица од нив беа поканети да стапат во Изборната комисија. Четворица други беа поканети да учествуваат како советници.

Им благодариме на сите членови на заедницата кои ги поднесоа нивните имиња за разгледување. Се надеваме на успешна работа со Изборната комисија во блиска иднина.

Во име на Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија,